Се одложува стартот во ВМФЛ, можно е да има само една една втора лига!

3153

Како што дознава Спортмедиа, и официјално е одложен или пролонгиран стартот во двете втори лиги, во западот и истокот. Познато е дека требаше овој викенд на 21 август да стартува сезоната, но од оправдани причини тој е одложен за неколку дена. Клубовите се запознати со оваа одлука, до петок им е даден последен рок за плаќање на котизацијата, а во сабота е планирано и одржување на ждрепката.

Се очекува најдоцна до следниот викенд, односно на 28 август да се одигра 1.коло.

Инаку дали ќе има и оваа сезона две втори лиги, запад и исток, или само една, ќе зависи од тоа до петок колку клубови ќе ја платат котизацијата и колку клубови ќе бидат подготвени за да играат во ВМФЛ.

ПретходноНатпреварот Македонија – Словачка ќе се игра без публика!
СледноАлександар Ристевски денеска против “својата“ Струга ТЛ!