Јокиќ е првиот МВП од 2008 година кој нема да игра за Божиќ

495

НБА-лигата прекина една голема традиција во распоредот за новата сезона и тоа на штета на Никола Јокиќ.

За првпат од 2008 година на божиќната програма од пет мечеци на 25. декември нема да игра тимот чиј кошаркар минатата сезона беше МВП. А тоа е секако Денвер на спрскиот репрезентативец, полуфиналистот на Западната конференција.

Јокиќ имаше одлична сезона со просек од 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции, оставри 60 дабл-дабл и дури 16 трипл-дабли.

На Божиќ ќе играат: Атланта – Њујорк, Бостон – Милвоки, Голден Стејт – Феникс, Бурклин – ЛА Лејкерс и Далас – Јута.

ПретходноРеал Мадрид и Арсенал конечно постигнаа договор
СледноПресврт во „сапуницата“ – Мбапе