Николов: Не тактизиравме, целта е оставрена – Македонија го освои првото место

866

Македонската кошаркарска репрезентација како првопласирана во својата група Ф го завери местото во квалификациите за Светскиот Куп 2023. На последната средба „црвено-жолтите“ беа поразени од Словачка со убедливи 88-72, слика која на многумина не им се допадна, но истовремено истите заборавија дека на овие претквалификации настапивме ослабени, со кошаркари кои во минатото и немаа голема минутажа.

Кристијан Николов не крие дека и тие не посакувале ваков крај, но од друга страна пак целта е остварена. Заморот на крајот си го стори своето.

„За нас беше тежок меч, минавме 40 дена заедно, наша цел беше првото место и целта е остварена. Одиме понатаму, среќни сме. Не требаше да загубиме вака. Премногу бевме уморни. Мислам дека малку влеговме опуштено, но пак ќе повторам, целта е остварена. Одиме како први во квалификациите. Не влеговме во овој меч да го загубиме и не тактизиравме. Одиме понатаму како први, тоа ни е најважно“– изјави Кристијан Николов.

ПретходноЛШ: Домаќините со минимална предност по првите плеј-оф средби (ВИДЕО)
СледноБорис Бекер не може да се помири дека фудбалот е најгледан спорт