И дефинитивно Горан Пандев и во следната сезона ќе игра за Џенова во Серија А. Тој пред неколку дена го продолжи договорот со овој клуб на уште една година, а во пресрет на стартот на новата сезона во Калчото, Македонецот преку социјалните мрежи им се обрати на фановите на Џенова.
Па така тој покрај другото, напиша…
“Серија А почнува во сабота и јас сум горд што можам повторно да го носам дресот на Џенова. Сакам да им се заблагодарам на претседателот, на сите во клубот, а посебно на навивачите. Ви благодарам на сите пораки со кои ме убедивте да останам во Џенова. Едвај чекам да ве поздравам на Ферарис“.