Поранешниот италијански репрезентативец Фабио Борини го продолжи договорот со турскиот суперлигаш Караѓумрук до крајот на сезоната 2022/23. Иако имало интерес од Фенербахче, барем така тврдат во турските медиуми, сепак, 30-годишниот напаѓач одлучил да остане во клубот од областа Фатих во Истанбул.
Инаку Борини во Караѓумрук дојде во декември минатата година и во 20 натпревари реализира 9 голови. Претходно играше за Верона, Милан, Сандерленд, Ливерпул, Рома, Парма и Челзи. Има и еден настап за италијанската репрезентација, во пријателски меч против САД. Тој беше во тимот на Италија на ЕУРО 2012 но не одигра ниту еден меч.