Три меча, четири голови. Тоа е билансот на Мартин Мирчевски, офанзивецот на Академија Пандев. Вчера и во Кавадарци стрелаше, го “отвори“ Тиквеш за 1:0. Одигра сосема квалитетно, и е најзаслужен за тие конечни 2:0 за струмичани. Нема што, одлична е таа серија на Мирчевски, на кој меч барем по еден гол, против Работнички постигна два.
Покрај Мирчевски, од таборот на струмичани во тимот на колото се и Коста Манев и Марко Јовановски.
Во тимот на колото се и Стефан Лазаревиќ и Ермедин Адем од Македонија ЃП, Марјан Радески и Фаустин Сенгор од Шкупи, Марјан Алтипармаковски и Владимир Дујовски од Брегалница, Ремзифаик Селмани од Ренова, како и Абдулхади Јахја од Струга ТЛ.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
МАРТИН МИРЧЕВСКИ
Клуб: Академија Пандев
Роден: 11.02.1997
Кариера: Пелистер, Беласица, Трепча (Косово), Победа, Вардар, А. Пандев