Напаѓачот Патрик Бамфорд го обнови договорот со Лидс Јунајтед и новиот е со важност до јуни 2026 година. Бамфорд е најдобриот напаѓач на Лидс во изминатите две сезони, а претходната во која Лидс се врати во Премиер лигата по долго време напаѓачот постигна 17 голови во 38 натпревари.
Бамфорд е од школата на Нотингем Форес, а беше и во Челзи каде не доби шанса за игра, па играше на позајмици во Дерби, Мидлсбро, Норич, Барнли, потоа една сезона во Мидлсбро, а од 2018 година дојде во Лидс каде добро се смести и ја пронајде формата.
Тој беше дел од поширокиот список на Герет Саугејт за ЕУРО 2020 но не влезе во конечниот список. Инаку има два настапи за младинската репрезентација.
Инаку Тотенхем се интересираше за него ова лето, но со овој потег Бамфорд покажа дека не го интересира „Вајт Харт Лејн“.