Борис Бекер не може да се помири дека фудбалот е најгледан спорт

568

Борис Бекер, некогашниот тренер на Новак Ѓоковиќ смета дека тенисот не е доволно пренесуван и застапен како фудбалот.

Овој спорт процвета поради големото ривалство меѓу Ноле, Рафаел Надал и Роџер Федерер, но одново беше во голема сенка на фудбалот, нешто што му смета на тениската легенда.

„Никаде во светот не се гледал толку тенисот. Но, германските Телевизи мора да го пренесуваат повеќе. „Кралскиот фудбал“ е причината за тоа. Може да се постави дали некој меч од втората лига или пак дуелот меѓу 11-од и 17-от тим е толку важен? Едноставно подобро е да се оствари повеќе простор за тенис или ракомет“, рече Бекер.

Тој даде личен пример додека играше и го освои Вимблдон во 1985 година.

„Тогаш се претеруваше. Пренесуваа и додека доручкувам, се претеруваше со фудбалот во следните 15 години. Тогаш фудбалот се жалеше дека има премногу тениски турнири. Сега тоа не е случај“. 

ПретходноНиколов: Не тактизиравме, целта е оставрена – Македонија го освои првото место
СледноСоседите ни се смеат поради Бајиќ, веднаш да им се извини на кошаркарите