Машката сениорска репрезентација на Македонија обезбеди место во квалификациите за Светскиот куп кој ќе се одржи во 2023 година.
Како првопласирани во групата „Ф“, заедно со уште седум селекции од претквалификациите и 24 кои претходно обезбедија директен пласман во една од осумте групи, ќе ја дочекаме и претстојната ждрепка.
Ќе биде реализирана на 31. август, (со почеток во 12.часот), а ќе се однесува за сите континентални натпреварувања, односно во Африка, Америка, Азија и во Европа.
Квалификациите ќе се одвиваат во оние, сега веќе стандардни „прозорци“ на ФИБА. Ќе стартуваат веќе во ноември кога се планирани и првите две кола од квалификациите.
Неофицијално, осумте селекции, вклучително и нашата, кои ги поминаа претквалификациите, ќе бидат рангирани во последната група на носители.