За септемврискиот циклус: Милевски со повик до Никола Серафимов!

675

Никола Серафимов, младиот стопер кој сега настапува за унгарскиот тим Залаегерсег, доби повик од страна на селекторот Благоја Милевски за септемврискиот квалификацискиот циклус за пласман на СП во Катар 2022.

Ова го објави самиот клуб на своите социјални мрежи и се пофали дека ќе има репрезентативец во своите редови.

Инаку за Серафимов ова е деби повик за А – репрезентацијата, тој досега играше за селекцијата до 21. година.

Со Миовски, Серафимов…дали ова значи дека новиот селектор има намера и тоа како драстично да го подмлади составот. Впрочем ќе видиме набргу, кога Милевски ќе го објави списокот на тие што смета за дуелите со Ерменија, Исланд и Романија.

ПретходноДибиров искрен: Илузорно е да помислиме дека уште од старт ќе газиме!
СледноТФТ и Куманово ги дознаа противниците во ФИБА Еврокупот