Македонската кошарка по 2017 година одново ќе има претставници во ФИБА Еврокупот. Учество во ова натпреварување пријавија Куманово и ТФТ, кои денеска ќе ги дознаат противниците во првиот круг од квалификациите.
Двата тима се најдоа во петтиот шешир пред ждрепката, која е закажана за денеска во 12 часот во Фрајзинг. Ова ќе биде голем предизвик за Куманово и ТФТ, особено ако се земе во предвид дека до групната фаза мораат да минат три фази.
Квалификациските турнири се на програмата од 28 септември до 1 октомври.