Кутињо и Гризман следни на листата за смалување на платите

139

Веќе е општо познат факт дека Барселона како клуб има огромни финансиски проблеми во моментов, поточно 1.3 милијарди евра.

Тоа е сериозна сума која ќе мора да се обезбеди од некаде. Новата управа која дојде за да го решава овој проблем одлучи дека смалувањето на платите на фудбалерите е клучно, па затоа разговараше со повеќето на оваа тема. Пике веќе се согласи на такво нешто, се водат интензивни преговори со Бускетс, Ачба, Серхи Роберто, а следни на листата за состанок со управата според каталонски Спорт, се Фелипе Кутињо односно Ентони Гризман.

Овие двајца се едни од најплатените во клбуот, а Спорт наведува дека Гризман добива 21. милион по сезона, додека Кутињо шест помалку.

Само како информација, благодарение Пике и неговата согласност да добива екстремно помала плата во следниот период, клубот можеше да ги регистрира Депај и Гарсија за новата сезона.

 

ПретходноЉоренте во Атлетико до 2027
СледноМлад авганистански репрезентативец загина по пад од авион во Кабул