Роберт Левановдки сака да го напушти Баерн Минхен, тврди „Sky Sports“.
Одличниот напаѓач за два дена ќе наполни 33 години и сака нов предизвик. Во Германија постана вториот најдобар стрелец на сите времиња, а минатата сезона постигна 41 гол и го урна рекордот на Герд Милер, кој почина во неделата.
Сепак се чини дека желбата на полскиот фудбалер нема да биде исполнета, Баерн за него бара 100 милиони евра, сума која никој не сака да ја плати. „Sky“ пишува дека Лева е фрустриран бидејќи Баварците не сакаат да го продадар, но нема да форсира трансфер за да не ги наруши односите со раководството на клубот.
Ова лето тешко ќе може да ја промени средината, тоа же може да го стори за две години кога ќе истече неговиот актуелен договор со клубот.