Тимот на Манчестер Јунајтед му понуди на Пол Погба плата од 400.000 фунти неделно за да го убеди Французинот да остане на „Олд Трафорд“. Ова значи дека доколку прифати, играчот од средниот ред ќе стане најплатениот играч на „црвените ѓаволи“, пред Давид Де Геа (375.000) и Рафаел Варан (340.000). Во моментов Погба добива 290.000 фунти седмично. Според Ди Атлетик, предлогот е за петгодишен договор.