Благоја Милевски, новиот предводник на А- тимот, денеска го одржа првиот работен состанок како селектор на нашата најдобра репрезентација. Покрај Милевски, на состанокот беа техничкиот директор на Федерацијата, Зоран Стратев, како и раководителот на сите селекции, Никола Зердески. На средбата во просториите на ФФМ, беа уште неколку лица кои се вклучени во работата на селекциите. Покрај останатото се разговараше на неколку теми, целта е да има уште поуспешни резултати на на сите наши национални тимови. Најголем акцент беше ставен на меѓусебната координација на сите селекции, односно да почне со тоа сите наши селекции да играат во иста формација. Се со цел полесно вклопување на играчите во наредните фази во селекциите. Секако за крај и успешна афирмација на играчите во А – репрезентацијата.
Очекувањата се оптимистични, а сето тоа е добра најава, за нови, поголеми успеси на сите национални тимови.
“Разговаравме околу принципите на селектирањето, системите на игра, како и самиот профил на играчите. Поточно кои индивидуални карактеристики треба да поседуваат играчите за да бидат во репрезентациите“ изјави покрај другото за сајтот на ФФМ, селекторот Милевски.