Михајловски: Самсоненко исплати долг од 700.000 евра, сега имаме чист терен

2375

Вардар 1961 на официјална прес-конференција ги претстави новите дресови за сезоната што доаѓа. На истата беше присутен првиот човек на клубот, Михајло Михајловски, кој пред медиумите зборуваше за условот на од страна на ЕХФ, македонскиот тим да даде гаранција од еден милион евра.

„Имавме еден хедикеп и доста нервози кога ЕХФ соопшти дека нашиот настап во ЛШ поради старите обврски поточно долгови е ставен под знак прашалник. Станува збор за тројца играчи кои го пријавиле Вардар. Тоа е конзервативно решение, тоа го нарекувам мртви пари, но на крајот се договоривме. Сергеј Самсоненко си озбебеди пари, се исплатија играчите, беше дадена сума од 700.000 евра евра, останатите 300 илјади се депозит, и тие средства можат да се искористат играчите. Мојата функција беше да се смени начинот на плаќање, а останатото е на Самсоненко, до крајот на годината тој ќе ги исплати останатите 300.000 евра.

Сега имаме чист терен и бараме обновување на догпворите со сите спонзори“, изјави Михајло.

Првиот човек додаде дека поразот од Е.Пелистер боли, но не ги загрижува.

„Стоиме на ставот дека сме посилни од минатата сезона. Поразот од Е.Пелистер не боли во Суперкупот, но не не загрижува тоа. На 26. го имаме прв сериозен натпревар со ППД Загреб, четвртфинале во СЕХА-лига“. 

ПретходноЖдрепката за квалификациите за Мундобаскетот закажана за 31. август
СледноВардар 1961 – ППД Загреб ќе можат да го гледаат најбрзите 1.000 вакцинирани фанови