Актуелниот македонски првак, Вардар 1961 ги промовираше дресовите за новата сезона. Дефинитивно се поинакви од минатогодишните, првиот човек на клубот, Михајло Михајловски објасни дека од спортскиот бренд „Хумел“ имале пракса да го менуваат изгледот на секои две години.
Во новите дресови на промоцијата се појавија Едуардо Гурбиндо, Бакари Диало, Филип Талески, Тимур Дибиров и Али Сафар.