Одбојкарите денеска против Црна Гора на стартот на Меморијалот „Чајка“

117

Македонската одбојкарска репрезентација денеска во Скопје ги почнува финалните контроли пред заминувањето на Европското првенство во Финска од 1 септември. Во СЦ „Борис Трајковски“ попладнево почнуваат натпреварите на 45. издание на Меморијалниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, кој ќе има силна меѓународна конкуренција со учество на уште три репрезентации.

На премиерата од 20 часот вечерва, избраниците на селекторот Душко Николиќ ќе се сретнат со селекцијата на Црна Гора. Во најава на овој меч, од 17 часот ќе ги видиме и селекциите на Израел и Словачка.

„Репрезентацијата е во погон веќе 40 дена, играчите се во добра кондиција, се надеваме дека ќе не послужи здравје и дека ќе излеземе победници и со пандемијата и со спортските повреди. Ако е така, верувајте дека ќе ја израдуваме македонската јавност“, вели првиот човек на ОФМ, Петар Јовановски, во пресрет на турнирот, но и настапот на ЕП.

Црна Гора и Словачка се учесници на континенталното првенство кое почнува на стартот на следниот месец, а Израел покажа квалитет во пресметките со нас во Европската сребрена лига која се одржа во јуни во нашава земја.

ПретходноТФТ и Куманово ги дознаа противниците во ФИБА Еврокупот
СледноВујо: Суперкупот и турнирот во Струга дојдоа рано, сега одиме да го освоиме Магдебург