Педро од денеска и официјално е нов фудбалер на Лацио. Двата градски ривали со еден потег се чини успеаја да ги решат нивните проблеми, бидејќи се покажа дека трансферот ќе донесе низа даночни олеснувања.
Шпанскиот ветеран не беше во плановите на Жозе Мурињо, па дури и не беше поканет на предсезонски тренинзи, па јасно беш дека тој е на трансфер пазарот.
Наоѓањето друг клуб се покажа како незгодно, но Маурицио Сари излезе дека е подготвен да го пречека во Лацио. Лацио во моментов нема ликвидност, така што не може да регистрира нови засилувања доколку претседателот Клаудио Лотито не стави околу 10 милиони евра во касата на клубот. Ова може да биде зголемување на капиталот или позајмица на клубот што мора да се врати.
Рома не сака да го продаде или да го позајми Педро во странство, бидејќи тоа би значело губење на даночните олеснувања. Ова е и причината зошто Педро нема да го раскине договорот пред да се пресели во Лацио, бидејќи наместо тоа практично бесплатно ќе замине кај „римските орли“.
На тој начин даночните олеснувања ги задржува и Рома, со платата од 8 милиони евра на Падро, но и Лацио кој донесе нов играч без никаква трансферна отштета.