Официјално: Емерсон си отиде од Челзи и потпиша за Лион

156

Она што беше најавено пред неколку дена сега доби официјална потврда. Бекот на Челзи Емерсон Палмиери го напушти „Стемфорд Бриџ“ и во новата сезона ќе игра за седумкратниот француски шампион Лион.
Французите за едногодишната позајмица ќе платат 500.000 фунти, а сумата со бонуси може да достигне и до 1.000.000 евра. Исто така Лион има опција да го откупи договорот по завршување на позајмицата.
Италијанскиот репрезентативец не е во плановите на Томас Тухел па мораше да замине, се споменуваше кам-бек во Наполи или во некој друг италијански клуб, но тој одлучи да оди во Франција.

ПретходноАлиоски даде гол на дебито за Ал Ахли (видео)
СледноБамфорд не го интересира Тотенхем, си потпиша договор со Лидс