Проблем за организаторите на „Чајка“: Израел се повлече од турнирот поради позитивни Ковид-тестови

144

Откако двајца членови на израелската одбојкарска репрезентација вчера биле позитивни на тестовите за Ковид-19, Израелската одбојкарска федерација реши да го повлече својот национален тим од традиционалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Тоа значи дека од денеска до сабота во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се натпреваруваат Македонија, Црна Гора и Словачка.

„Сакаме да се заблагодариме за извонредниот третман што го добиваме на турнирот, но со оглед на новите околности, а со цел да спречиме некои други членови на нашата делегација да бидат позитивни во наредните денови, решивме дека вистински потег е нашата делегација да се врати во Израел што побрзо“, се вели во соопштението на Израелската одбојкарска федерација.

Според протоколите кај нас, позитивните лица ќе останат во изолација во Скопје, а на 45-то издание на меморијалот ќе содржи три наместо шест натпревари.

Денеска македонските одбојкари ќе имаат тест со Црна Гора која утре ќе се соочи со Словачка – нашиот противник в сабота на крајот на турнирот.

ПретходноСудии за 4.коло: Ставрев ќе го суди дербито меѓу Струга ТЛ и Шкупи!
СледноПандев до фановите: Горд сум што повторно ќе го носам дресот на Џенова!