Седлоски: Во Битола секогаш е тешко да се победи

140

Шкупи на гостувањето кај Пелистер славеше со 2-0 во рамките на 3. коло во ПМФЛ. Тимот од Чаир мечот го реши за шест минути, Радески го отвори дуелот со гол во првата минута, додека пет минути подоцна автогол постигна домашниот фудбалер. Иако Гоце Седлоски остана со играч помалку неговите момци искусно го приведоа овој натпревар и сега се лидери на табелата заедно со Академина Пандев и Ренова.

„Честитки за моите играчи за оваа победа. Одигравме убав натпревар од првата минута, иако долго игравме со играч помалку. Во Битола е тешко да се победи, а ние ги заслуживме трите бода попладнево. Ни следи дуелот во Струга, но максимално ќе се подготвиме и за тој натпревар“, изјави Седлоски. 

ПретходноЛевандовски сака да си оди од Баерн
СледноДоминик Тием нема да ја брани титулата на УС Опен