Драган Бајиќ за време на последната средба против Словачка одржа два срамни тајм-аути. Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација го загуби трпението, не само што им се викаше на играчите, тој испрати бројни навреди до нив, нешто што често го прави во Игокеа.
Оваа сцена за кратко време ја пренесоа медиумите од екс-ју просторите. И самите се во чудење како може да изнареди толку многу навреди. Во еден момент Бајиќ им кажа дека немаат мозок за кошарка, имаше и таков момент кога редеше сочни пцовки.
Точно е дека се обидуваше да ги разбуди на момент, но ја претера. Затоа Бајиќ денеска треба јавно преку официјалната страница на КФСМ да им се извини на сите во ростерот, дел од нив можеше ова лето да го минат подолго време на плажа и да одмараат, да најдат изговор и да не ја прифатат поканата, особено во еден ваков тежок период, во кој Македонија настапи без Дамјан и Војдан Стојановски, Стојан Ѓуроски, Ненад Димитријевиќ и без Јакимовски.
Видео-снимките од двата тајм-аута нидоа и на негодување од страна на Македонците. Бајиќ не е посакуван во јавноста, а по овие испади неговиот рејтинг е под нулата.