„Спортмедиа“ за најдобрите: Де Брујн, Канте или Жоржињо?

226

УЕФА ги објави тројцата финалисти по трката за најдобар фудбалер за сезоната 2020/21 во Лигата на шампионите. За првпат во 11 годишната историја на доделување на наградите на списокот на финалисти се наоѓаат тројца играчи од средниот ред.

Во изборот учествуваат 24 тренери на тимовите кои учествуваат на ЕУРО 2020, потоа 80 тренери на клубовите кои играат во групната фаза на ЛШ и ЛЕ во 2020/21 како и 55 новинари од ЕСМ, по еден од секоја држава членка на УЕФА, а од Македонија тоа е „Спортмедиа“.

„Спортмедиа“ своите гласови ги даде за тројцата финалисти, а кој ќе биде победникот ќе биде познато на церемонијата на доделување на наградите на 26 август во Истанбул. На истата церемонија ќе бидат наградени и најдобрите тренери и најдобрите играчи во Лига Европа, како и најдобрата фудбалерка за сезоната 2020/21.

ПретходноКапитенот остана верен на Саутемптон – потпиша до 2025 година!
СледноТотенхем изгуби од Пакос Фереира, лудо во Брисел, Мурињо слави со Рома (видео)