Тиквеш вчера по првпат по 17 години одигра еден прволигашки натпревар на својот стадион во Кавадарци. Очекувањата беа големи, сепак кавадарчани загубија со 0:2 од Академија Пандев. Денеска ракодството на клубот излезе со официјално сопштение, по повод судењето на тој меч, а ние ви го пренесуваме во целост…
“Почитувани
ГФК ТИКВЕШ 1930 не барајќи алиби за вчерашниот пораз од ФК Академија Пандев на кого искрено им честитаме за победата сепак е приморан јавно да реагира за квалитетот на судењето во текот на натпреварот кој во одреден случај дирекно влијаеше на резултатот и исходот од натпреварот.
Имено во неколку наврати во текот на 1вото полувреме одредени судиски одлуки беа донесени на штета на ГФК Тиквеш 1930 , пред се реагираме неколку ситуации кога нашата екипа беше во изгледа шанса за гол а беше досуден непостоечки офсајд.
Погрешните судиски одлуки на штета на ГФК Тиквеш кој дирекно имаа влијание на резултатот од натпреварот продолжија и во второто полувреме конкретно при постигнување на вториот гол кога требаше да биде досудена недозволена позиција од страна на противничкиот играч ( офсајд ) и голот да не биде признат.
Повторно би сакале да напоменеме дека не бараме алиби за вчерашниот пораз и искрено им честитаме на ФК Академија Пандев за победата но со оваа нашата реакција се надеваме дека во иднина ваквите судиски одлуки кои се на штета на ГФК Тиквеш нема да се повторуваат.“