ТФТ и Куманово ги дознаа противниците во ФИБА Еврокупот

134

Македонската клупска кошарка по 2017 година одново ќе има претставници во ФИБА Еврокупот. Куманово и ТФТ денеска ги дознаа противниците во првиот круг од квалификациите.

Кумановци прво ќе играат со австрискиот тим Гмунден и ако го поминат ќе се сретнат со холандскиот Гронинген. Со евентуална победа, ќе дојдат до финале со најтрофејниот португалски клуб Бенфика или актуелниот освојувач на Купот на Романија, Волунтари.

ТФТ исто така доби тешки ривали. Прва пречка за скопскиот тим е Натуртекс од Унгарија, а ако го минат, следна пречка е германскиот Бајројт. Триумф и во оваа рунда ќе значи финале со подобриот од пресметката меѓу Енисеј од Русија и Хапоел Хаифа од Израел.

Квалификациските турнири се на програмата од 28 септември до 1 октомври.

ПретходноЗа септемврискиот циклус: Милевски со повик до Никола Серафимов!
СледноОдбојкарите денеска против Црна Гора на стартот на Меморијалот „Чајка“