УЕФА ги номинираше најдобрите за изминатата сезона

145

Европската куќа на фудбалот, УЕФА ги објави номинациите за изборот на за најдобар фудбалер односно тренер за изминатата сезона во Европа.

Репрезентативецот на Италија, Жоргињо годинава е освојувач на Лигата на Шампионите со тимот на Челзи, а со „Азурите“ стана Европски првак. Според ова секако дека е прв фаворит за освојување на титулата, а конкуренција му се Кевин Де Брујне од Манчестер Сити, како и неговиот соиграч од Челзи, Нголо Канте.

Што се однесува пак до тренерите, тука фаворит е Роберто Манчини, селекторот на репрезентацијата на Италијка, „златната“ од последното ЕП, а конкуренти му се АТомас Тухел менаџерот на Челзи, како и Пеп Гвардиола стратегот на Манчестер Сити.

✨ NOMINEES: 2020/21 Men’s Player of the Year ✨

🇧🇪 De Bruyne
🇲🇫 Kanté
🇮🇹 Jorginho

🗓️ #UEFAawards winners announced at the #UCLdraw, 26 August 2021 🏆

— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) August 19, 2021

ПретходноТИМ НА 3. КОЛО: Мирчевски е лидерот на “пандевци“
СледноЛиверпул го прави Салах најплатен играч во историјата на клубот!