Шкупи тргна сезонава во победнички ритам. По ремито во Штип, четата на Гоце Седлоски ги “преслуша“ прво Македонија ЃП, а потоа и Пелистер. Нема што, чаирчани засега делуваат моќно, сигурно во себе. Се разбира дека не е се идеално, па впрочем се одиграа само три кола, но Шкупи и дефинитивно, барем засегам, е прв фаворит за титулата.
Седлоски знае што прави, и тоа како.
Вчера под “Тумбе Кафе“ Шкупи и полесно од очекувањата ја “освои“ Битола. Да не беше непромислениот старт на Алварез и негово исклучување, ќе се беше се идеално за Седлоски.
Сепак, победа си е победа, па затоа на по мечот радоста на Шкупи по триумфот среде Битола како – ФОТО НА КОЛОТО.