Чоко Бошковски е нов координатор на младинската школа на Вардар!

1039

Легендарниот Зоран Бошковски – Чоко, од денеска е нов координатор на младинската школа на Вардар. Школа, која од утре на терените на комплексот во Хиподром, почнува со работа.

Оваа вест ја потврди и првиот човек на ФК Вардар, Слободан Крстевски.

Да, од утре во комплексот во Хиподром почнува со работа нашата младинска школа. За прв човек на школата или координатор поставен е Зоран Бошковски – Чоко, едно од нашите најголеми фудбалски имиња. Главен скаут ќе биде Ерол Демир. Покрај нив во школата ќе работат познати и реномирани наши тренери. Ја стартуваме школата, а нашата амбиција е да ја направиме во најскоро време водечка во земјата и една од најдобрите на овие простори“ ни изјави Крстевски.

ПретходноАСОМ: Владата не го исполни ветеното, бараме итно воведување на он-лајн игри на среќа
СледноТИМ НА 3. КОЛО: Мирчевски е лидерот на “пандевци“