Шкендија се засилува со некогашен фудбалер на Фенербахче и Хајдук!

3380

Косоварот Аденис Шаља (22) ќе биде новото заислување за Шкендија. Станува збор за офанзивец кој доаѓа од екипата на Трепча. Шаља би требало да го освежи офанзивниот дел од тимот на стратегот Бруно Акраповиќ.

Интересно е тоа што Аденис Шаља во минатото бил дел од младинските школи на Хајдук и Фенербахче, а има играно и за екипите на Феризај, Гњилане, Фероникели и други.

Досега шампионот на Македонија не се “покажа“ во преодниот рок. Ова лето ги донесе само Сабит Билали и Ангелче Тимовски, се преговара и со Филип Најдовски.

ПретходноСити ги претстави новите дресови, навивачите во неверување
СледноКуманово и ТФТ денеска ќе ги добијат противниците во ФИБА Еврокупот