Капитенот остана верен на Саутемптон – потпиша до 2025 година!

143

Англискиот репрезентативец Џејмс Ворд-Проус нема да го менува клубот туку ќе остане во Саутемптон уште долго време. Капитенот ја продолжи верноста со „светците“ до јуни 2026 година.

„Во моментов сум најсреќен човек на светот“, вели Ворд-Проус по потпишувањето на договорот со клубот во кој е од младинските категории.

26-годишниот дефанзивен играч за врска одигра 323 натпревари за Саутемптон, а постигна и 33 гола со што си ја отвори вратата и за репрезентацијата на Англија.

Да кажеме дека на почетокот на летото Астон Вила понуди 25 милиони фунти за него, но Саутемптон експресно ја одби понудата порачувајќи дека капитенот не е на продажба.

Претходно„Кралевите“ извршија градежна инспекциија на Сантијаго Бернабе (ВИДЕО)
Следно„Спортмедиа“ за најдобрите: Де Брујн, Канте или Жоржињо?