Ливерпул го прави Салах најплатен играч во историјата на клубот!

516

Ливерпул се обидува на сите можни начини да го “врзе“ со договор Мохамед Салах на подолго време. Имено на интернационалецот од Египет договорот со “редси“ му истекува во јуни 2023 година, а тие сакаат да го продолжат на уште четири години. Токму затоа тие му нудат покачување на платата и тоа од 200.000 на 230.000 неделно. Со тоа тој би станал најплатениот фудбалер во историјата на клубот.

Колку да се знае, засега најплатен е Вирџил ван Дајк со 220.000 неделна плата.

Салах во Ливерпул е од 2017 година, досега во Премиер-лигата има одиграно 204 натпревари, постигнал 126 голови а има и 46 асистенции.

ПретходноУЕФА ги номинираше најдобрите за изминатата сезона
СледноАтанаскоски без минутажа во поразот на Шахтјор