Очигледно дека Маркос Љоренте нема намера во скоро време, а можеби и воопшто да го напушти неговиоот сегашен, а очигледно и во иднина клуб, Атлетико Мадрид.
Играчот и клубот потпишаа нова соработка со која Љоренте останува во Атлетико Мадрид до 2027 година. Тој дојде во Атлетико од Реал Мадрид во 2019 година се профилираше како еден од најдобрите поединци и нормално е што го доби договорот на кариерата.