Како што дознава Спортмедиа, и во следната сезона 2021/22 ќе има две втори лиги, источна и западна. До денеска беше рокот за плаќање на котизацијата и тој е испочитуван од вкупно 17 клубови. Што значи и дефинитивно во ВМФЛ ќе се играат две лиги, за последен пат. Од следната,таа 2022/23 ќе има само една. Она што и Фудбалската федерација на Македонија го најави пред неколку недели.
Нашите информации велат дека од истокот само ТИМ Локомотива нема целосна исплата. Имено овој тим кој сега влезе во втора лига имала нецелосна уплата, па така нема право на настап во ВМФЛ – ИСТОК. Сите останати клубови ја платиле целосната котизација.
На западот пак не уплатиле екипите на Гостивар и Кадино, и тие нема да играат во претстојната сезона во втората лига.
Да кажеме дека утре во 12 часот во просториите на ФФМ, ќе се одржи ждрепката по која ќе се одреди распоредот во двете втори лиги за сезоната 2021/22, и тоа без екипите на ТИМ Локомотива, Гостивар и Кадино.