Работнички доведе уште едно ново засилување во тимот за претстојната сезона. Нов фудбалер на нашиот тим е Дин Аломеровиќ, кој вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Работнички.
Аломеровиќ последно настапуваше во Реал Баломпедика во Шпанија. Игра на левата бековска позиција, а може добро да се снајде и како офанзивен играч по левата страна. Тој во Македонија уште има играно и за Вардар, Македонија ЃП и за Еуромилк.
Дин Аломеровиќ (24) е поранешен младински репрезентативец на Македонија.