Македонскиот интернационалец Иван Тричковски и новата сезона во Кипар ја почна со гол. Нашиот искусен голгетер и капитен на екипата на АЕК Ларнака бедена го отвори резултатот на мечот против Докса во 1. коло од кипарскиот шампионат, откако со глава прекрасно ја смести топката во голот на нашиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски кој беше на голот на гостите.
За среќа на Докса и Шишковски, гостите успеаја да израмнат на 1:1 и иако останаа со двајца играчи помалку во второто полувреме, на крајот успеаја да се изборат за реми.