Само неколку часа откако го објави трансферот на Мартин Одегард, Арсенал се пофали со уште едно засилување за новата сезона. Нов член на „топџиите“ е голманот Арон Рамсдејл кој доаѓа од Шефилд Јунајтед.
Арсенал ќе плати 24 милиони фунти, а сумата со бонуси може да порасне до 30 милиони фунти (ако тој стане прв избор на голот на „топџиите“). Потпишан е договор на четири години со опција да биде продолжен на уште една.
Тој ќе биде конкуренција на Бернд Лено и на Рунар Рунарсон за место меѓу стативите. Рамсдејл беше младински репрезентативец на Англија, а се уште нема настап за А тимот на „Гордиот Албион“.
Сумата која ова лето ја потроши Арсенал на засилувања надмина 130 милиони фунти.
Половина од сумата платија за бекот Бен Вајт, останатите на Одегард, Локонга, Рамсдејл и Нуно Тавареш.