Бабиќ пред Мешков: Ни следи еден голем предизвик, голема радост за сите нас!

107

Е.Пелистер утре (20:15 часот) на домашен терен го пречекува Мешков Брест во првиот четвртфинален натпревар за место на Ф4 завршницата во СЕХА-лига. Битолчани во новата сезона влегуваат со промени против еден ваков силен противник како што е белорускиот состав.

Тренерот Жељко Бабиќ е свесен на капацитетот на Мешков Брест, но верува дека неговите момци можат да го покажат најдоброто иако формата се уште ја темпираат.

„Мешков Брест е многу добар противник, кој минатата сезона беше четвртфиналист во Лигата на шампионите. Во последно време има голем европски раст, победува големи европски натпревари и во последно време веројатно е најсилниот противник кој дошол во Битола. Ни следи еден голем предизвик, голема радост за сите нас. Спремни сме и желни да се натпреваруваме и верувам дека можеме до добар резултат без обзир што се тим од Лигата на шампионите и имаат силен тим.

Освоениот Суперкуп сигурно многу значи за самодовербата. Секако дека сите сме среќни, задоволни и горди. Сепак, познато е дека во спортот минатото не се брои. Нашата форма уште не е одлична, уште е припремен период, работите паралелно на физичка и тактичка припрема. Се виде на турнирот во Струга дека правиме многу технички грешки кои ние не ги правиме. Не сум загрижен, верувам во своите играчи, верувам во нашата работа и уверен сум дека ќе имаме многу добра сезона без разлика на исходот од натпреварот против Мешков Брест. Ни следи многу добра сезона и секако дека се надевам на уште некој трофеј“, изјави стратегот на битолчани пред утрешната средба.

Мешков Брест утринава пристигна на скопскиот аеродром, денеска ќе одработи еден тренинг во салата „Боро Чурлевски“, во која македонскиот пртетставник ќе има поддршка од публиката според протоколите во нашата земја за време на Ковид-19.

ПретходноМакедонија во друштво на Германија, БиХ и Белгија!
СледноБајиќ: Дури и оние најголеми оптимисти дигнаа раце од нас, честитки до момците