Македонскиот каратист Андреј Басаров го освои сребрениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во кадетска конкуренција, откако денеска загуби на судиско надгласување во финалето.
Нашиот каратист имаше извонредни настапи и не загуби ниту еден поен, но не ја доби судиската наклонетост во финалниот меч против Азербејцанецот Нихад Каримзада. Борбата заврши нерешено 0-0, па судиите одлучуваа кој ќе биде шампион. Победата му ја дадоа на Каримзада, по слободно судиско убедување.
На патот до среброто, Басаров во категоријата над 70 килограми, најпрво со 2:0 го совлада Гркот Пергантс, потоа со 3:0 беше подобар од Гулас од Романија, па во полуфиналето со 1:0 го победи и Грузиецот Дугладѕе.