Карим Бензема и Реал Мадрид официјално се договорија за нова соработка која што ќе трае до 2023 година.
Франзуцинот кој прераснува во вистинска легенда на „Кралевите“ очигледно дека нема намера да ги менува клупските бои се додека нешто вреди во фудбалскиот свет, па со големо задоволство прифати и натаму да биде прв напаѓач на Реал Мадрид.
Промоцијата на новиот договор се случи денеска во просториите на клубот, а Бензема на 281 меч досега има постигнато 560 голови за Мадрид.