Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурент е незадоволен од својата оценка на попупларната игра НБА 2К22.
Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурент е незадоволен од својата оценка на попупларната игра НБА 2К22.
Години наназад оваа игра е најпопуларна кошаркарска симулација во светот на видео игрите, најновата верзија треба да излезе на 10. септември.
Компанијата која ја произведува неодамна ги објави оценките на кошаркарите. Најголема добија само четворица играчи: Леброн Џејмс, Јанис Адетокумпо, Стеф Кари и Кевин Дурент.
Иако се најде во „кремот“ сепак ѕвездата на Бруклин не е задоволна.
„Напорно тренирам. Правам се одлично, затоа требаше да добијам оценка 99“, кратко коментираше Дурент, кој неодамна беше прогласен за МВП на Олимписките Игри на кои Американците се закитија со златен медал.
Ретко кога играчите добиваат максимална оценка 99. Оваа чест ја имаа Кевин Гарнет, Коби Брајант, Леброн Џејмс и Крис Пол.