После Роџер Федерер, денеска и Рафаел Надал и официјално објави дека поради повреда мора предвреме да ја заврши годинашната сезона. Тоа значи дека Шпанецот, кој има 20 Гренслем титули, нема да настапи на следниот, а тоа е УС Опен во Њујорк.
Ова значи дека Новак Ѓоковиќ ќе има нешто полесен пат до титулата.
Надал на социјалните мрежи напиша…
“Сакам да ве известам дека за жал ќе морам да ја завршам сезоната за оваа 2021 година. Околу една година чувствувам како моите проблеми со повредата стануваат се покомплицирани и затоа ќе ми треба време да заздравам од неа“.