Лапорта се обидува да ја спаси Барса од финансиски крах: Подигнат кредит од 455 милиони евра

196

Новиот претседател на Барселона, Лапорта, се соочува со страшни проблеми околу финансиите во каталонскиот клуб. Како што јавија денеска дел од угледните шпански весници, Барселона зела кредитен заем за да се обиде да спаси дел од она што може да се спаси во оваа голем криза која го зафати тимот.

Заемот е земен во период од 10 години со просечна каматна стапка од 1,98%. Тој е загарантиран со телевизиски права. Износот на заемот е 455 милиони евра, а Барселона исто така постигна ревизија на дел од должничките обврски за 140 милиони евра.

Дополнително, постигнатиот договор овозможува издавање на нови должнички обврски до 70 милиони евра, доколку е потребно.

ПретходноБасаров освои сребро на ЕП во карате за кадети во Финска!
Следно„Вардарци“ гo почувствуваа теренот во Магдебург (ФОТО)