Фудбалерите на Лајпциг го „торпедираа“ Штутгарт на отворањето на 2. коло во Бундеслигата и со 4:0 ја обезбедија првата сезонска победа. По минатонеделниот пораз кај Мајнц од 1:0, „биковите“ покажаа дека и оваа сезона имаат тим за високи дострели, само им треба малку време да влезат во шема.
Денеска Штутгарт беше едноставно без шанси. Домашните го имаа фантастичниот Собослаи кој со два гола најави дека годинава ќе биде во голгетерски елемент. По еден гол за конечни 4:0 постигнаа и Емил Форсберг и Андре Силва (пенал).