Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија е во големи прблеми. Имено Арон Ван-Бисака би можел да оди и во затвор. Тој е обвинет дека возел Ламборџини без дозвола. Имено фудбалерот е фатен од полиција како вози без дозвола, истата му била одземена пред извесно време, па така тој направил уште еден прекршок.
Медиумите на Островот информираат дека Ван – Бисака би можел да биде казнет со шест месеци затворска казна.