Мартин Одегард одлучи да го напушти Реал Мадрид. Норвешкиот фудбалер кој важеше за еден од најталентираните фудбалери во Европа не доби вистинска шанса во „кралскиот“ дрес, денеска и официјално потпиша за Арсенал.
Одегард во Лондон дојде за речиси 40 милиони евра, а на „црвено-белиот“ дрес ќе го носи бројот осум. Тој вториот дел од минатата сезона играше како позајмен играч, на крајот челниците на клубот одлучија да го откупат неговиот договор.
Back with us 😍
✍️ Welcome, Martin
— Arsenal (@Arsenal) August 20, 2021