Помина плодна недела за оние кои се забавуваат со игрите на Видеолотарија Касинос Австрија. Регистрирани беа две МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки и еден СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, кои заедно достигнаа сума од преку 12.000.000 денари.
Уште се свежи емоциите од последниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Среќниот добитник доаѓа од Делчево, а сумата која му донесе радост изнесува 1.612.990 денари.
Три дена пред тоа, на 11 август, се падна МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во Охрид, со уште повисока добивка, која изнесува 1.734.220 денари. Истиот ден, неколку час претходно беше освоен и нов СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, во Скопје, со вредност од 8.838.489 денари.