Речиси уште 17 денови нашите клубови ќе можат да прават трансфери, односно да се засилуваат со нови имиња. Имено ова лето преодниот рок ќе трае нешто подолго од вообичаеното, и тоа до 6 септември, а започна на 15 јуни.
Сепак не се очекува некои спектакуларни трансфери во овие последни денови, се разбира сите погледи се свртени кон Шкендија. Шампионот не само што најави, туку и интензивно преговара со двајца. Тоа се Филип Најдовски и Аденис Шаља, се споменуваат уште неколкуи имиња како можни засилувања.
Сепак останува да видиме дали Шкендија, а и останатите ќе го искористат периодот до 6 септември за ангажман на нови играчи.