Се чини дека фановите на ПСЖ, но и целата светска фудбалска јавност ќе почекаат да го видат Лео Меси во дресот на “светците“ на еден официјален натпревар. Тренерот Маурицио Покетино не смета на своето најголемо засилување и за вечерашниот меч, на гостувањето кај Брест. Меч кој започнува од 21 часот.
Тој најави дека Меси ќе дебитира за ПСЖ дури следниот викенд, и тоа на 29 август на гостувањето кај Ремс. Тоа значи дека Меси своето деби на “Паркот на принцовите“ во Париз, пред домашната публика, ќе го има на 12 септември и тоа против составот на Клермонт.