Самарџиски после две години се враќа во Македонија

769

Поранешниот македонски репрезентативец Предраг Самарџиски се враќа во Македонија после пауза од две години.

Искусниот центар ќе биде ново засилување на кавадаречкиот прволигаш, Еуро Никел, кој по минатогодишната успешна сезона, одлучи да создаде уште подобар ростер и да влезе во трката за една од двете титули.

Самарџиски во домашниот шампионат последен пат играше во 2019 година во дресот на МЗТ Скопје, по што замина во трускиот шампионат, но сега се враќа назад. Еуроникел е вториот македонски тим за кого ќе заигра професионално, Пеџа беше во дресот на МЗТ Скопје и во сезоната 2014-2015.

ПретходноБРОЈКИ: Мекиќ е најефикасниот играч на Македонија, Вајли прв скокач
СледноБРАВО: Дејан Георгиевски со громогласен аплауз пречекан во Ниш (ВИДЕО)